Search
Close this search box.

Изложба на Тања Балаќ

Изложба на Тања Балаќ

Во галеријата од ЦК Марко Цепенков во Прилеп е отворена изложбата Просторни дистанц од Тања Балаќ. Уметницата Балаќ пред прилепчани се претставува за првпат со 20 дела. На прустните им се обрати директорот на ЦК,,Марко Цепенков,, Тони Чатлески, додека за творештвото на Балаќ се произнесе Климе Коробар, кој рече дека е оригинално, поетично, суптилно.

Балаќ дипломирала 1991 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отдделот за сликарство. Во 2008 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Престојува во Париз 2003 година на студиски престој. Од 1991 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ. Од 2006 до 2013 година е претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ. Покрај сликарството, таа истражува и во полето на новите медиуми. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби, а добитник е на повеќе награди.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања