Search
Close this search box.

Изложбата „Портретирани сеќавања“ од Јана Манева- Чупоска

Изложбата „Портретирани сеќавања“ од Јана Манева- Чупоска

„Портретирани сеќавања“ е тематската изложба од Јана Манева Чупоска што e отворена во галеријата од ЦK Марко Цепенков“. Љубителите на уметноста имаат можат да проследат една интересна изложба koja нуди приказ на една колективна меморија, која се поврзува со нас и нашиот македонски, балкански бит, но опстојува и во границите на една поширока, европска , светска култура. Изложбата ја отворија Игор Трпчески и Ивана Николова.

Јана Манева – Чупоска учествувала на бројни групни изложби во земјава и во странство и на повеќе домашни и меѓународни ликовни колонии. Дизајнирала повеќе модни ревии. Работи како декан и професор на Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ, Скопје. Учествувала на научни конференции и симпозиуми и објавила бројнинаучни трудови во меѓународни научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајн. Објавила неколку книги (авторизирани предавања) од областа на ликовната уметност и дизајн. Ментор е на дипломски и магистерски трудови. Учествувала на домашни и меѓународни семинари и работилници од областа на ликовната уметност и дизајн.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања