Од 30 август до 5 септември 2025 г., по 17 пат ЦК „Марко Цепенков“ ја реализираше меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025„ на која учествуваат 16 уметници од земјава и од Хрватска и Србија.
-Годинава уметниците работеа во преубавата природа на манастирот Св. Ѓорѓија, над езеро. Твореа на слободна тема и создадоја нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија беа презентирани на изложба во Центарот во ноември – вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.
На колонијата учествуваа Јуре Кокеза, Звјездана Јембрих, Злата Томљеновиќ од Хрватска, Звонко Павличиќ од Црна Гора, Снежана Манасиќ од Србија и макеоднските уметници Стефан Анчевски, Васко Горѓиев, Дејан Макаријоски, Верче Николоска, Александар Џинго, Ферди Булут, Марјан Стојаноски, Златко Крстески, Емил Димоски, Слободан Милошевски и Бојана Тошевска.
Колонијата се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, а досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 430 дела.







