Search
Close this search box.

Изложба „Циклуси“ од Крунислав Стојановски

 Изложба „Циклуси“ од Крунислав Стојановски

Изложбата „Циклуси“ од македонскиот академски сликар Крунислав Стојановски, кој речиси 30 години живее и работи во Загреб, е отворена во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. На изложбата се претставени дел од неговите дела, поделени во осум творечки циклуси, најголем дел со експресивен карактер, со кои тој одбележува 20 години творечка работа. Изложбата е во рамките на проектот „Кич,да“?! /сте или не/ што го реализира Дирекцијата за култура и уметност од Скопје со поддршка на Министерството за култура, а што се спроведува деветта година по ред.

Стојановски дипломирал на Ликовната академија во Загреб во 1998 година во класата на професорот Ѓуро Седер. Здобивајќи се со стипендија на KulturKontaktAustria, добива можност да студира и дипломира Public Art во класата на Dr. Agnes Denes (САД) на SOMMERAKADEMIE, Салцбург, Австрија. Професионално работи и се усовршува во Cable Factory, Хелсинки, Финска, како лауреат на програмата UNESCO-ASHBERG Bursaries for Artist Program, Франција. Член е ХЛУ и на Хрватската заедница на самостојни уметници, како и на УО на Здружението на хрватските уметници и ликовни критичари. Повеќе години е член на Управниот одбор на Народното свеучилиште „Сесвете“ во Хрватска. Покрај уметничкото создавање, се занимава и со организација на разни уметнички проекти од меѓународен карактер. Добитник е на наградите на UNICEF и на RedBull (2ОО3), како и на десетина позначајни стипендии. Се занимава со сликање, цртање, изработка на амбиентални инсталации, фотографија, видео, пишување и едукација. Темите што преовладуваат во неговото уметничко творештво се оние што имаат социјална, хуманистичка, еколошка и политичка конотација, со посебен акцент на поединецот и на неговата улога, на можностите и на значењето во глобалното општество.Своето творештво го има претставено преку повеќе од 40 самостојни изложби во Хрватска, Македонија, Австрија, Финска, Германија, Италија, Холандија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања