Search
Close this search box.

Изложба „Откривање на нови светови“ од Стојан Дурланов

Изложба „Откривање на нови светови“ од Стојан Дурланов

„Oткривање на нови светови“ или Андромеда галаксија, е тематската изложба од 23 дела – објекти, скулптури, слики и графики, што e отворена во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. Дурланов се претставува за првпат пред љубителите на уметноста од родниот град со дела што ги создал во последните години и ќе дозволи како што самиот потенцира публиката да се соживее со нив односно да се втопи во нив.

-Во Андромеда галаксија секое дело е како прозорец кон некоја друга реалност. Секој ќе може различно да доживее, да го осети. Инспирација за создавањето на творбите ми беа девојката, галаксијата, непознатото, напредокот на технологијата, како и речиси се што имам причитано или гледано за НЛО и проследено од научна фантастика – вели Дурланов, кој работи како ликвен педагог во училиште, и има дипломирано на ФЛУ во Скопје на одделот графика со графички дизајн во класата на професор Зоран Јакимоски.

Досега имал повеќе групни изложби во Скопје, Прилеп, Македонски брод, во странство, а учествувал и на повеќе колонии. Добитник е на награди за најдобра колекција на цртежи три години по ред од 2013 до 2015 од НУ Центар за култура Битола – Државна изложба на детски ликовни творби на тема “Народата култура како трајна инспирација во моето творештво”, а се стекнал со диплома од 15 -та Интернацијоналната детска ликовна изложба во Финска “15th International Art Exhibition for Children and Young piple “Let’s Eat” . Член е на ДЛУМ и ДЛУП, а бил автор на корицата на книгата “Приказни за тревите и другите приказни” од Живко Грозданоски.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања