Search
Close this search box.

Изложбата „За тебе љубов моја“ од Маријета Сидовски

Изложбата „За тебе љубов моја“ од Маријета Сидовски

„За тебе љубов моја“ е тематската изложба од уметницата Маријета Сидовски штое отворена во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. Делата со кои Сидовски се претставува пред прилепчани се создадени во 2014/2015 година, во комбинирана техника на хартија се и со големина 20x20.

-Сликарството на Мариета Сидовски е зрело и инвентивно. Таа го поетизира животот, подвлекувајќи ги неговите онтолошки и метафизички квалитети. Љубовта е основна водилка и оттука доаѓа поетичноста која зрачи од нејзините слики преку суптилно одбрани елементи или цитати. Изложените дела на изложбата „За тебе љубов моја“ претставуваат свеченост за окото, од нив струјат тонови, партитури. Се работи за сликарство со психолошка, симболична сугестија во која гледачот успева да ја осознае душевната состојба на сликарот, а тој пак преку своите дела стои целосно соголен пред нас вели Климе Коробар за нејзиното творештво.

Маријета Сидовски завршила ФЛУ во Скопје во класата на проф. Душан Перчинков. Постдипломски студии завршила во Белград, а имала престои во Париз и Бетон, Франција, во САД… Остварила 35 самостојни представувања во земјава и странство. Учесник е на повеќе од 60 групни интернационални изложби и уметнички колонии во земјава и странство, а е добитник на повеќе награди.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања