Концерт на Битолски оркестар Дива

Подгответе се за нов музички спектакл со Битолски оркестар ДИВА!

21 мај – 20.00 часот – голема сала од ЦК „Марко Цепенков“.

Најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.

Бидете дел од вечерта полна со емоции, ритам и чиста музичка магија! Дојдете на уште една незаборавна вечер и доживејте ги најдобрите музички времиња!

Влезници по цена од 500 денари на билетарницата од Центарот за култура од 4 мај секој работен ден од 11 до 14.00 часот. Ве очекуваме!

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања