Search
Close this search box.

„Момент“ изложба на скулптури од Емил Солески

„Момент“ изложба на скулптури од Емил Солески

„Момент“ е изложбата од осум скулптури од вајарот Емил Солески отворена во галеријата на Центарот. Со отворањето на изложбата ЦК „Марко Цепенков“ ја стартува годинашната манифестација „Прилепско културно лето“ на која, речиси до крајот на август ќе се одржат бројни настани.

…КОН ИЗЛОЖБАТА

  Можеби индивидуална , повеќе универзална естетика поврзана со природата,

нејзините форми, текстури, појави во даден момент……Колку блиску е сега…..

….случајност на која ние делуваме

ЗА МОМЕНТОТ НА ЕМИЛ СОЛЕСКИ

Соединувањето со каменот создава привид на слевање на тишината во громогласниот екот на ѕвекот и екот од дамнини. Моментот има свој почеток, а крајот е во секој од нас. Давајќи му живост на студенилото, топлина на мртвилото, и бројни варијации на димензијата, Емил Солески ни доловува моменти од нашите клокотења преточени во изблик на несекојдневни моменти. Потенцирам несекојдневни моменти оти само тие оставаат трага во времето.

Никола Јованоски

Биографија за Емил Солески

Роден 1969 г.  во Прилеп. Студирал на Факултет за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство во класата на проф. Бранко Конески, со конзервација и реставрација кај проф. Благоја Кузмановски. Дипломира во 2002 под менторство на проф. Жарко Башески.

Првата самостојна изложба со наслов „Ритам“ – 2002 г. ја поставува во склоп на Н.К.С. „Десет Дена Крушевска Република“.Имал и други изложби во Прилеп и во Крушево.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања