Search
Close this search box.

Изложба„Piece of Cake“ на Урош Вељковиќ

ИзложбаPiece of Cake на Урош Вељковиќ

Изложба од 30 цртежи и неколку инсталации „Piece of Cake“ од Урош Вељковиќ e отворена во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков.

Урош Вељковиќ во своето досегашно творештво го негува апстрактниот експресионизам каде бојата е збир на заробена енергија, која од раката на авторот добива гестикулативна експлозивност и потполна слобода на торжествено зрачење.

Во неговиот најнов проект насловен Piece of Cake повторно претставува едно торжествување (свеченост) – прослава на роденден. Вељковиќ завршил ФЛУ во Скопје. Бил учесник на повеќе колонии и е член на ДЛУМ. Реализирал повеќе самостојни изложби во земјата и во странство, како што учествувал и на групни, а во 2010 година е добитник на нагрдата за сликарство на ДЛУМ Петар Мазев.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања