Search
Close this search box.

Колонија Дрен 2016

Заврши деветтата колонија Дрен што ја организираше Центарот за култура ,,Марко Цепенков,, од Прилеп од 17 до 24 јули. 15 уметници од Прилеп, Македонија од Србија и од Русија создадоа дела кои ќе останат во трајно наследство на Центарот и на Прилеп.

Уметниците ( Мирна Арсовска, Верче Николоска, Билјана Бинчев, Јошкин Шилјан, Мирослав Живковиќ, Снежана Манасиќ, Јелена Фрида Стошиќ, Марија Алексиќ, Рада Тихановскаја, Јасмина Рунеска, Ангел Миов, Силвија Шосева, Васил Костов, Емил Солески, Виолета Димеска, Марјан Стојаноски,Тони Чатлески…)дружејќи се и разменувајќи мислења и искуства создадоа креативни дела во повеќе уметности.

Затворањето на колонијата беше во сабота вечер со отворањето на изложбата на новосоздадените дела во изложбениот салон на ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп, при што директорот Тони Чатлески посочи дека ова искуство ќе придонесе да се создаде една од најдобрите колонии не само во Македонија туку и на Балканот и дека Прилеп ќе стане центар на ликовната уметност.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања