Search
Close this search box.

Изложба „LIFE IS A GAME -ART IS A LIFE II“ од Буба М. Солак

 Изложба LIFE IS A GAME -ART IS A LIFE  II од Буба М. Солак

Во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложбата „LIFE IS A GAME -ART IS A LIFE  II од Буба М. Солак во рамките на Прилепското културно лето.

Љубителите на ликовната уметност имаат можност да присуствуваат на еден интерес концепт од изложба преку која се пренесува ,,Играта,, на поинаков начин меѓу авторот и гледачот, која ги спојува взаемните имагинации и искушенијата кои се интересен момент, но и одговор до каде оди трансформацијата и комбинацијата на градењето на ново расположение.

Буба М. Солак завршила ФЛУ отсек графика со конзервација и реставрација во класа на проф. Зоран Јакимовски, член на ДЛУМ, ДЛУБ , ДЛУК И ИКОМОС, а работи како професор по ликовна уметност во Битола. Работела на проекти за конзервација и реаставрација на објекти, била учесник на повеќе колонии во земјата и во странство, имала самостојни изложби низ Македонија, Германија, Обединетите Арапски емирати, а годинава оствари студиски престој во Париз, Франција. Добитник е на повеќе награди и признанија.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања