Н.У. Ц.K „Марко Цепенков“- Прилеп
Театар „Војдан Чернорински“ – Прилеп
премиера на 7 и 8.10.2026
„ЖИВОТИНСКА ФАРМА“
Режија: Ќендрим Ријани
Драматизација: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска и Ќендрим Ријани
Асистент на режија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Марија Пупучевска
Музика: Томе Темелкоски
ИГРААТ:
Наполеон – Зоран Иваноски
Пискало – Димитар Ѓорѓиевски
Снежец – Игор Трпчески
Боксер – Илија Волчески
Детелинка – Даниела Иваноска
Мирна – Наташа Ачански
Гена – Марија Спиркоска-Илијеска
Роса – Јасмина Мицовска-Станкоска
Бенџамин – Михајло Миленкоски
Мојсеј – Александар Тодески
Минимус – Томе Темелкоски
*****************
Техничка екипа:
Инспициент – Елена Иваноска
Суфлер – Кети Јанчески
Светло мајстор – Гоце Ристоски
Сликар исполнител – Пеце Ристески
Реквизитер – Гоце Тодороски
Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер – Даринка Богојеска
Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски
***************
Безброј пати низ човековата историја се покажало дека дури и најблагородните идеи не успеваат да стигнат до својот зенит кога се поткопани од желбата за моќ и контрола, од лични интереси, или едноставно – од малодушност. Токму така и пропаѓаат. Во тие случаи вистината станува еластична, фактите се предмет на интерпретација, а политичкиот јазик е неопходно средство, бидејќи – како што вели Орвел – тој е така создаден што прави лагите да звучат како вистина. Оваа адаптација на култното дело „Животинска фарма“ ја пренесува Орвеловата приказна во нашиот контекст и се занимава со механизмите на моќта кои го деформираат општеството. Иако некои имиња и околности се променети, системот е добро познат: заедницата повторно верува во оној што зборува најгласно, ветува најмногу и тврди дека дејствува „за наше добро“. Трагедијата е во неспособноста на животните да ја препознаат манипулацијата што се одвива пред нивните очи. Нивната доверба, лојалност и верба во подобра иднина – вредностите што некогаш ги обединиле и им давале надеж – стануваат синџири што ги држат во покорност. Набљудувајќи го сето тоа однадвор, се прашуваме: Зошто не гледаат? Како сè уште паѓаат на истите измами? Ние сакаме да веруваме дека сме поинакви, дека сме единствениот интелигентен вид на планетата, способен за логика, разум и самосвест. А сепак, кога ќе се соочиме со најочигледните замки, се однесуваме токму како животните на фармата. Затоа Животинска фарма и понатаму останува моќна критика на тоталитаризмот, како и силно предупредување за кревкоста на слободата и еднаквоста – Лидија Митоска-Ѓорѓиевска






