Search
Close this search box.

Изложба „Минливи секвенци“ од Маја Јаќимовскa

Изложба „Минливи секвенци“ од Маја Јаќимовскa

„Минливи сеќавања“ е тематската изложба од 20 дела од младата авторка Маја Јаќимовска, e отворена во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“.

Љубителите на ликовната уметност  имаат можност да проследат интересна изложба преку која уметницата концепира циклус дела кој претставува една фасцинација од ефектите на артифициелното светло во ноќните услови како еден феномен којшто го продуцира човекот за своите потреби.

Јаќимовска  е дипломиран сликар од ФЛУ – графички дизајн. Моментно е на магистерски студии на Европскиот Универзитет, добитник е на втора награда на Седмото студентско интернационално АРТ биенале и учествувала на повеќе групни изложби во земјата и во странство.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања