Search
Close this search box.

Изложбата на Дијана Томиќ – Радевска во Прилеп

Изложбата на Дијана Томиќ – Радевска во Прилеп

Изложба на графики од Дијана Томиќ – Радевска е отворена во ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп, со што започна да функционира новата ликовна галерија ,,Борко Лазески,. Станува збор за нов галериски простор на Центарот со површина од околу 70 квадратни метри. Галеријата е именувана по големиот македонски и прилепски уметник, еден од основоположниците на македонското современо сликарство Борко Лазески, кој во Центарот пред 25 години наслика мурал.

Дијанa Томиќ Радевска, пред прилепчани се претставува со околу 60 графики. Станува збор за многу интересна изложба.

Податоци за уметницата Дијана Томиќ – Радевска

Родена е 1961 г. во Скопје. Дипломирала во 1984 година на одделот графика на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1985. Студиски престој во Дрезден при Отвореното графичко студио во 1997 година. Од 1999 година е Официјален витез на Академијата ,, Greci Marini,, Вербано, Италија., оддел за уметност. Предава ументост во СУ ИХС од 2007 година. Изработува дизајни за уникатни рачни ткаени теписи и килими.

Работи графика, инсталации, видео и дизајн. Член е и основач на групата Круг. Добитник е на неколку награди на ДЛУМ, како и на диплома и златен медал на галеријата Модиљани во Милано (1996.), награда Љубомир Белогаски (1996).

Самостојни изложби во Скопје( 1998, 1992, 1995,1996, 1998, 2002, 2005, 2010, 2012, 2016), Охрид(1988, 1992, 1995), Гевгелија( 1985), КУманово (1995), Милано (1996), Мастрихт(1997), Ахен ( 1998), Загреб (1999,2012), Битола(1999,2013), Фриментал (2000), Берлин (2006), Љјујорк (2006), Белград (2009), Прилеп (2011, 2016)

Селектирани групни изложби во Виена, Букурешт, Скопје, Битола, Сент Николас, Париз, Дрезден, Сан Ремо, Софија, Ваљево, Варна, Офенбах, на Мајна, Краков, Шамалие, Подгорица, Нови Сад…..

Со новата галерија ,,Борко Лазески,, ЦК,,Марко Цепенков,, сега има три галериски простори, со што уште на повисоко ниво ќе се одвива презентацијата на ликовната уметност во Прилеп.

 

 

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања