Search
Close this search box.

Сценско-музички мини хепенинг

 

Сценско-музички мини хепенинг


(4 јуни)На официјалното отварање на 45-от театарски фестивал „Војдан Чернодрински” му претходеше интерактивна културно-уметничка програма, дел од сценско-музичката активност на НУЦК„Марко Цепенков”. Во центарот на градот свој настап имаше Октетот „Прилеп”, на летната сцена „Александрија” настапи балетско-танцовото студио „Зодијак”, пред Ликовната галерија и Центарот за култура автентичен настап имаа КУД „Мирче Ацев” и КУД „Моминок”.Градскиот блех оркестар атрактивно го најави почетокот на фестивалот низ централното градско подрачје, а бројните посетители имаа прилика да уживаат и во сликањето на десетина прилепски уметници кои твореа пред прилепскиот храм на културата.

 

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања