Search
Close this search box.

Манифестација „Брзо сликање“ во Прилеп

Манифестација Брзо сликање“ во Прилеп

Под мотото, Уметниците по повод Осми марти годинава се одр`а традиционалната манифестацијата Брзо сликаwе, на која осум уметници членови на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) – Биљана Бинчев, Маја Најдоска, Верче Николоска и Емилија Ѓорѓиоска, како и нивните колеги Александар Џинго, Методи Исков, Стојан Дурланов и Бобан Петрески сликаа по повод меѓународниот ден на жената.

– Манифестацијата е убава можност за дружење меѓу нас колегите. Тука твориме и разменуваме мислеwа и сме креативни во одбележувањето на празникот на жената – изјави умeнтицата Биљана Бинчев.

ЦК Марко Цепенков по осми пат ја реализираше оваа креативна манифестација.

– Станува збор за креативна манифестација пртеку која со творештво и дружење се одбележува меѓународниот ден на жената. Покрената е на иницијатива на нашата институција и ДЛУП, со поддршка на локалната самоуправа. Сакаме како институција, но и ДЛУП да бидеме креатори на ликовната уметност – изјави Тони Чатлески, директор на ЦК Марко Цепенков

Манифестацијата ја проследи и градоначалникот Марјан Ристески кој ја посочи поодршката што општината им ја дава на уметниците.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања