„Генеза на хроничната мистерија“ од Емил Солески

„Генеза на хроничната мистерија“  е мултимедијалниот проект од уметникот Емил Солески, што се реализираше на 23 јули, во сцена 105. Се работи за мултимедијален триптих што е алегорија за губењето на идентитетот.

-Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако треба. Ликовно-просторниот експеримент е фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигиталниот идентитет. Концептот предвидува просторна видео интервенција и тарнсформација, барање нова визија на веќе виден простор. Триптихот се формира со проекција на видео-аудио материјал врз просторно поставени архајски форми: Три архаични форми, ликовни метафори:  распаднато огниште – ликовна метафора за празен дом, градови, села, земја; кантар, паланза без тег – ликовна метафора за строгото критичко оценување на немањето рамнотежа во природните, општествените, социјалните односи, принципи, тежнеења, закони; празна лулашка – ликовна метафора за негрижата и изгубеното наследство, природно, национално, културно-историско; Сакам да се гледа низ призмата на објективното, или да се направи ново, субјективно доживување – вели авторот Емил Солески.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања