Изложба „А“ од Олгица Антовска

Од 21 до 28 ноември 2025 г. во Ликовната галерија беше отворена изложбата „А“ од Олгица Антовска,  поддржана од Министерството за култура и туризам.

-Со овој циклус, авторката нè внесува во едно лирско патување каде водата не е само мотив, туку живо суштество, органска меморија, емоционален простор. Преку специфичните овални и кружни формати, ни се отвара еден нов начин на гледање — како да погледнуваме низ стаклена капка, низ интимен микрокосмос каде светлината и бојата постојано пулсираат, дишат и се движат. Секоја слика претставува различна состојба на водата и делата не се само визуелно доживување — тие се емотивни огледала кои ја рефлектираат нашата свест за природата, нашата одговорност кон околината и потребата за дијалог со светот што нè опкружува….Со најновите дела на Антовска ќе запловиме во овој визуелен океан, ќе го почувствуваме неговиот ритам и самите ќе проговорат. Зашто во оваа изложба водата не е само тема — водата е наратив, емоција, движење и постојана трансформација – вели м-р. Тони Чатлески – сликар.

„Отсекогаш ме фасцинирала водата и како духовна и визуелна димензија. не само како примарен извор на живот. Изложбата со наслов „А” опфаќа дванаесет дела изработени во комбинирана техника, со специфични димензии и форми. Основната идеја врз која се темели концептот на водата е нејзината поврзаност со човекот – неговата свест за еколошките проблеми, односот кон околината, полезните и деструктивните сили на водената стихија преточени во една лирска визуелна сензација – посочува авторката, која во 1995 година дипломира на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј Скопје, на Факултетот за ликовни уметности, на Катедрата за педагогија, во класата на професорката Ана Темкова и професорот Рубенс Корубин. Од 2001г. – е  член на ДЛУМ.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања