Изложба „Алегорични фрагменти“

АЛЕГОРИЧНИ ФРАГМЕНТИ е изложбата на скулптури од осуммина прилепски автори отворена во Ликовната галерија од Центарот. ( 16.8 до 5.9.2024). Изложбата е дел годишната програма на Министерство за култура и ДЛУП.

Носител на проектот е м -р. Маја Ралева Миладиновски во соработка со уште седум ликовни уметници вајари од Прилеп.

Учесници се :

Емил Солески

Елена Димоска

Филип Перески

Методи Исков

Марјан Стојаноски

M-р. Маја Ралева Миладиновски

М- р. Филип Јовески и

Марта Макеска

-Ликовните уметници, преку овие дела ни испраќаат порака од друг агол, како и самиот наслов на изложбата Алегорични Фрагменти. Делата  го опфаќааат целиот пристап кон темата, каде денес опкружени со бројни случувања се мотивираме и утврдуваме поинаков односот кон уметноста. Секој уметник преку својот личен пристап кон современата уметност отсликува одредена порака која се испраќа до последниот примач со однапред конципирано вајарско решение.Апстракното симулирање на формата како дел од ова парче земја преку композициски решенија и градација, просторна игра како одраз на апстрактно и асоцијативно поставените фрагменти со целокупниот состав создаваат алегорија исполнета со емоции кон убавото и заборавеното – вели Маја Р. Миладиновски за изложбата.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања