Search
Close this search box.

Изложба „Испразнетото гнездо“ од Марија Конеска

Во Ликовната галерија  отворена е изложбата “Испразнетото гнездо” од уметницата Марија Конеска, во која се говори за емиграцијата.( 14.06. до 3.07.2024).

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, посочувајќи дека се работи за инсталација со фотографии печатени на пластика, на кои се претставени напуштени куќи, градби и игралишта.

-Со цел да ја акцентира тридимензионалноста во просторот и сегашноста и да го вовлече посетителот како активен учесник во визуелната композициска нарација, уметницата пред фотографиите поставува пластични силуети, претходно исечени со ласер.Поставените силуети потсетуваат на одамна минато време обременето со заборавени уморни ветувања”сенки без спомени”.

Уметницата Конеска со богат визуелен јазик на автентичен начин ја опишува емигрантската приказна и ја претставува животната приказна која ја остава секој иселеник зад себе”-рече Димеска.

Проектот насловен „Испразнето гнездо“ на Марија Конеска е рефлективно уметничко истражување на влијанието на емиграцијата врз градот Прилеп, Македонија. Проектот е поттикнат од специфичните политички и економски околности во Македонија кои доведоа до зголемено отселување. Уметницата се фокусира на Прилеп, нејзиниот роден град, каде што емиграцијата е особено изразена.

Марија Конеска е визуелна уметница родена во Прилеп. Дипломирала во 2008 година на Одделот за графика на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје и магистерски студии по сликарство ги завршила на истиот факултет во 2016 година.

Креативниот процес на Конеска може да се опише како визуелна трансформација на секојдневните искуства. Таа користи различни техники и материјали, вклучувајќи слики, цртежи, фотографии и колажи. Нејзините проекти често вклучуваат интеракции со други, собирање слики и приказни за да се подигне свеста за секојдневните животни прашања.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања