Изложба „Круг и град“ во Прилеп

Во Ликовната галерија oод 15 до 24 декември беше отворена изложбата „Круг и град“ од уметниците Петра Јованоска и Рафаел Ристовски. Претставени се графики и фотографии. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Во заедничката изложба, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски создаваат уметнички дијалог, каде двата различни пристапи — тој на Јовановска преку симболиката на геометриските форми и емоционалната порака, и тој на Ристовски преку урбаната фотографија со дигиталната манипулација — се спојуваат во една уникатна уметничка приказна.

Централниот мотив во делата на Петра Јовановска е кругот, кој според неа, не е случаен избор, туку симбол на креативната и животната филозофија, како и на сознанието дека совршената форма нема почеток и крај.

– Кругот ја симболизира вечноста, животниот циклус, движењето на планетите

околу Сонцето, космосот и совршенството – вели Јованоска.

Рафаел Ристовски се  претставува со фотографии преку кои ја истражува убавината на природата и урбаната околина, како и врската меѓу нив, и го одразува својот однос кон светот преку жанрот на градскиот пејзаж.

 

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања