Во Ликовниот салон од Центарот отворена е изложбата „Македонија во светот на хералдиката“.( 3.09. – 11.09.2024).
Изложбата содржи 35 панели поделени во два дела. Првиот дел е за историски грбови поврзани со Македонија од 14 до 18 век, поделен во 3 дела: Грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на Кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија. Вториот дел е за современи македонски грбови, поделен во 3 дела: грбови на институции и организации, општински грбови и лични грбови
Автори на изложбата се Иван Нацевски, потпретседател и д-р Јован Јоновски, претседател на Македонското грбословно друштво, а ликовното уредување е на Димитриј Михајловски, од истото друштво, кое е единственото стручно тело по хералдика во Македонија.Изложбата ја отворија публицистот Ставре Џиков и д-р Јован Јоновски, претседател на Макеоднското грбословно друштво МГД.
Изложбата се отвори по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија и 10 Јуни, светскиот ден на хералдиката.
**********************************************************
Хералдика или грбословие — наука која се занимава со правилата кои владеат при дизајнирањето, блазонирањето (опишување, читање) на грбовите. Хералдиката е севкупност на грбови како симболичен идентитет на поединци и групи и земји.
Хералдиката е уметноста на исцртување на грбовите.







