Изложба на дела од Мал Битолски Монмартр

Во Ликовниот салон отворена е изложбата „Бисерите на Мал Битолски Монмартр“ ( 26.12. до 10.1.2025). Претставени се дела од светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр”  во соработка со Центарот. Изложбата на дела од „Мал Битолски Монмартр“ е последна од програмата за ликовна дејност, односно визулени уметности на Центарот за 2024 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола, кое работи 57 години низ последните 44 без прекин ја реализира најстарата и најголема светска детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” на која само на конкурсот “Битола” за 2О24 година пристигнаа над 8ОО пратки од исто толку државни и приватни школи од над 85 држави кои генерираат фонд од над 6О.ООО детски ликовни цртежи.  Колонијата годинава генерираше над 6ОО дела со што збирот на цртежи од колонијата и конкурсот ја надмина цифрата од 1.5ОО.ООО цртежи за 44 години.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања