Изложба на слики од Мирослав Живковиќ

Од 5 до 12.12. 2025 во  Ликовната галерија беше отворена изложбата на слики од Мирослав Живковиќ, уметник од Србија. Изложбата е  дел од меѓународната активност на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп и е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Изложбата ја отвори м-р Каролина Мицевска, која посочи дека делата од Мирослав Живковиќ пренесуваат топлина, сонце и енергија која грее и предизвикува емоции.

– Во делата на Живковиќ се присутни многу емоции, боја, фрагменти. Преку апстрактивните елементи ја слика и доживува природата суштински, создавајќи творби кои се една целосна возуелна целина – рече Мицевска.

Мирослав Живковиќ е роден во Ниш, каде живее и работи на Факултетот за уметност, како редовен професор по предметите Цртање и Сликање. Имал 72 самостојни, на повеќе од 300 групни изложби во Србија и во странство. Учесник е на многубројни ликовни колонии, меѓу кои и на колонијата Дрен, на симпозиуми, предавања. Покрај со сликарство од 1992 година се занимава и конзервација. Добитник е на повеќе награди.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања