Изложба од Емил Солески

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата на дела „Насмеани лица и состојби“ од прилепскиот уметник Емил Солески. ( 26.9 до  3.10.2025). Изложбата беше поддржана од Министерството за култура и туризам.

-Најновото скулпторско и сликарско претставување на Емил Солески донесе неколку нови размисли за и околу постоењето и опстојувањето. Кога на каменот ќе му дадете душа тој сам по себе нуди бројни асоцијации кои низ филтерот на авторот не упатуваат да се запрашаме кои сме и кон што се стремиме. Овојпат преку композицијата „За уметникот и неговите Пиериди“ – Талија, Уранија, Мелпомена, Полихимнија, Ерато, Клио, Калиопа, Евтерпа, Терпсихора, авторот како да сака да ни најави дека тие ќе му дадат сила за да ги искаже своите согледувања и немири во уште повеќе дела кои ќе бидат богатство на нашата современа уметност. Воедно да ги споменеме и неговите состојби како ,,Напнат, да не речам распнат,, или ,,Да си излезеш од кожата,, кои во себе носат своевиден психолошки профил на времето кое го живееме. Интересно за ова ново претставување на Солески е што пред јавноста се претставува и со свои сликарски перформанси под заеднички наслов ,,Насмеани лица“. Оваа негова изложба како да се надополнува со претходните негови презентирања надополнувајќи ја празнината на духовното надградување кое денес и тоа како нам ни е потребно.Среќа е што живееме во период кога овој наш истакнат уметник твори – вели  Никола Јованоски, за изложбата на Солески.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања