Изложба од Среќко Здравковиќ

Од 5 до 14 август во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“  беше отворена изложба на слики и цртежи од Среќко Здравковиќ  од Србија, со која тој одбележа 50 години творештво. Уметникот беше годинашен учесник на меѓународната ликовна колонија Дрен 2024, што ја реализираше Центарот.

Среќко како творец е препознатлив, со автентичен уметнички ракопис, а неговите дела се преполни со фигурација и со симболи.

СРЕЌКО ЗДРАВКОВИЌ, е дипломиран сликар, професор и досега има реализирано околу 70 самостојни изложби, околу 500 групни изложби, а учествувал и на голем број ликовни колонии. Добитник е на бројни награди и признанија за исклучителен придонес во културата во Србија. Покрај со уметничката работа, се занимава и со графички дизајн и педагошка  дејност. Графички уредувал 150 книги, плакати, брошури, каталози, дизајнирал 100 меморандуми-заштитни знаци. Има извајано десетина портрети во бронза, реализирани неколку мозаици на цркви и насликани околу 50 икони и насликани цркви („ал-секо“ фрески).

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања