Изложба „Уметничкиот сон“ од Методи Исков

Во Ликовна Галерија  отворена е изложбата „Уметничкиот сон“, од Методи Исков (22.8. 2025 до 10.9.2025). Изложбата поддржана од Министерството за култура и туризам, е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста.

Претставени се дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни изрази. Проектот ја нагласува и важноста на општеството во мисијата за поддршка и афирмација на уметноста.

„Уметничкиот сон“, ја поканува публиката да влезе во светот на имагинацијата, да ги истражи сопствените соништа преку делата да открие нови можности за разбирање на уметноста како универзален јазик што нè поврзува.

Методи Исков има реализирано самостојни и групни изложби и повеќе мурали.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања