Изложбата „Лирско интермецо“ од Љупка Галазка Василев во Прилеп

„Лирско интермецо“ е изложбата од уметницата Љупка Галазка Василев отворена во ликовната гакерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп (септември 2024). Поставката содржи 15 дела, насликани во техника акрил и комбинирана техника на платно, создадени во последните неколку години.

Изложбата е колаж од сликарски секвенци преку кој се материјализираат нашите стравови, копнежи , желби и очекувања. Делата се  отсликување на човечката душа, нежна и кршлива, а во исто време толку моќна.

Изложбата ја отвори м-р Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека делата од Галазка Василев се богати со имагинација и метафоричен јазик.
– Во лирските асоцијативни композиции разновидните форми создаваат раскошен наратив прераскажан на автентичен личен начин. Низ асоцијативните композиции се преплетуваат многубројни хроматски и ахроматски линии и површини кои се разликуваат според својата големина, Слободната креативна игра е збогатена со многубројни колоритни форми кои се движат во различни насоки. Авторката создава ликовно единство во слободните композиции со примена на контрасти, градација и повторување на линијата, бојјата и формата – посочи Димеска.

Љупка Галазка Василев, дипломирала на Ликовната академија во Софија, професор е по ликовна уметност во Струмица, досега реализирала повеќе групни изложби, а била автор на десетина самостојни изложби во земјава и во странство, а учествувала на бројни ликовни колонии и на едукации.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања