Изложбата „Ветување“ од Маја Ралева Миладиновски

Во Ликовната галерија отворена е изложбата „Ветување“ од Маја Ралева Миладиновски, која се претставува со 20 мал формат слики 10 х 10 см, и 15 слики на картон, поделени на пет препарирани платна каде композициски се распоредени како една голема слика. (21.11. до 5.12.2024)

Уметницата Маја Ралева Миладиновски вели дека изложбата „Ветување“ е приказна од деценија ипол, исполнета со многу раскажани случувања на мал сликарски формат, преточена во сликарска инсталација од пет големи платна на кои се поставени мал формат сликарски секвенци кои раскажуваат приказна на сеќавање.

Изложбата ја отвори Елена Оровчанец, која посочи дека делата од Маја ги исполнуваат дадените ветувања и споделуваат.
–  Споделуваат преку боја, форма, композиција, поставеност на фрагментите. Маја не би била Маја доколку и во сликарството не внесе тродимензионалност, не ја доближи сликата до гледачот со сите можни расположливи средства. Впрочем тоа е и нејзината вокација, вајарството. А, изложбата е посветена на големиот човек Јован Ристов, кој целиот свој живот го посвети на заштитата на културното наследство – рече Оровчанец.

На академската уметница Маја Ралева Миладиновски, ова и е 12 самостојна изложба.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања