Отворена изложбата „Артеизам“

Во фоајето од Центарот беше отворена изложбата „Артеизам“, на која со дела се претставија тројца битолски уметници – Владимир Симоновски, Дејан Макаријоски и Васко Ѓоргиев. ( 19.11 до 25.12. 2025). Изложбата е поддржана од Министерство за култура и туризам.

Изложбата е заедничка авантура на тројца индивидуалци собрани во едномислието за нераскинливата врска меѓу верата и уметничкото творештво. Претставени се слики, скулптури и инсталација.

– Делата од изложбата ја потенцираат непредвидливоста на есхатолошкиот момент чие остварување е неминливо – велат од ЦК „Марко Цепенков“.

Владимир Симоновски, Дејан Макаријоски и Васко Ѓоргиев се членови на ДЛУБ и досега имаат реализирано повеќе изложби и учествувано на бројни ликовни колонии.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања