Ликовна колонија „Дрен 2025“ по 17 пат

Од 30 август до  5 септември 2025 г., по 17 пат ЦК „Марко Цепенков“  ја реализираше  меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025„ на која  учествуваат 16 уметници од земјава и од Хрватска и Србија.

-Годинава уметниците  работеа во преубавата природа на манастирот Св. Ѓорѓија, над езеро. Твореа на слободна тема и  создадоја нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија беа презентирани на изложба во Центарот во ноември  – вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

На колонијата учествуваа Јуре Кокеза, Звјездана Јембрих, Злата Томљеновиќ од Хрватска,  Звонко Павличиќ од Црна Гора, Снежана Манасиќ од Србија и макеоднските уметници Стефан Анчевски, Васко Горѓиев, Дејан Макаријоски, Верче Николоска, Александар Џинго, Ферди Булут, Марјан Стојаноски, Златко Крстески, Емил Димоски, Слободан Милошевски и Бојана Тошевска.

Колонијата се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, а досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 430 дела.

 

 

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања