Search
Close this search box.

Изложба ,,По трагите на птиците 2,, од Беди Ибрахим

Изложба ,,По трагите на птиците 2,, од Беди Ибрахим

Во галеријата од Центарот е отворена изложбата ,,По трагите на птиците ИИ,, од академскиот уметник Беди Ибрахим.(22.10.3-11.2015). На второто самостојно претставување пред прилепчани авторот изложува 30 дела, повеќето цртежи и неколку скулптури – објекти. Всушност дел од делата се една мала ретроспектива од циклусот ,,Птици,, на кои Беди работи во изминатите 25 години.

Податоци за авторот

Беди Ибрахим е роден во Скопје во 1959 г. ФЛУ, оддел за скулптура  завршил во класата на проф. Петар Хаџи Бошков во Скопје во 1985 г.  Во 1999 г.  завршил постдипломски студии на истиот факултет  кај профе­со­рите Стефан Маневски и Васил Василев. Од 1985-1989 г. бил член на групата Зеро. Во 1991 г. како стипендист на ФЛУ при Универзитетот Мимар Синан-Истанбул  престојувал на истиот универзитет, како и во ателјето на светски познатиот архитект Џенгис Бекташ. Во 1992 г. под менторство на Томур Атагок престојувал на Јилдиз Универзитетот во Истанбул каде вршел истражувања во Кападокија. Во 1999 г. член е на  Советот за култура при Министерството за култура, како и член на Комисијата при ФАРЕ фондацијата.Од  2001 година  работи  како  вонреден  професор  по  вајање  на  ФЛУ.Од  2008 год. е  избран  за  претседател  на  уметнички  совет  на  ДЛУМ., а истовремено  е  и  член  на  сенатот   на  Универзитетот  ,,Свети  Кирил  И  Методиј,,.  Во 2012 година е избран за редовен професор на Катедрата по вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.Реализирал повеќе самостјни и групни изложби и бил учесник на повеќе колониии. Добитник е на наградите

Годишна награда на ФЛУ

1990- Стипендија од Владата на Р. Турција

1995- Награда за цртеж од НУБ ,,Св Климент Охридски,,

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања