Search
Close this search box.

Изложба на дела од колонијата Дрен 2021

Изложба на дела од колонијата Дрен 2021

Во Ликовната галерија отворена е изложбата на дела создадени на годинашната Ликовна колонија Дрен 2021.( 3.11. до 15.11.2021).

Изложени се над 20 дела, од сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Ликовната колонија Дрен 2021 се одржа со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања