Search
Close this search box.

Изложба – 50ГОДИНИ СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ СКОПЈЕ 1969 – 2019

Изложба – 50ГОДИНИ СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ СКОПЈЕ 1969 – 2019

Во изложбен салон е отворена изложбата 50 години Светска галерија на карикатура Скопје 1969 – 2019. Изложбата се состои од 50 карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури Скопје од 1969 – 2019.

Повеќе за Светската галерија на карикатури

Кога ќе се спомене ОСТЕН – најпрвин се мисли на карикатурата.., и со право!

Скопје, град со релативно скромни традиции во карикатурата, благодарејќи на професионалното организационо обликување на Светската галерија на карикатури од страна на членовите на Редакцијата на македонскиот хумористично-сатиричен весник „Остен“, од 1969 година прераснува во град-мека на светската карикатура и тоа трае веќе 50 години!

ОСТЕН и денес го прави она што отсекогаш го правел и ќе го прави, а се содржи во значењето на неговото име – ги боцка и ги пецка, односно ги провоцира, ги предизвикува, ги мотивира, ги стимулира своите соработници, уметноста, културата, публиката, општеството… и придонесува работите да одат напред!По 50 години постоење, преку Светската галерија на карикатури, ОСТЕН ќе продолжи да создава услови за да можат карикатуристите од цел свет на мира да стрелаат со своите мирнодопски куршуми сочинети од елементи на политика, уметност, хумор и сатира – точно во центарот на сите сомнителни и проблематични точки на светот во кој живееме – вели Корнелија Конеска.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања