Search
Close this search box.

Изложбата на дела „Жена“ од Лидија Саздовскa

Изложбата на дела „Жена“ од Лидија Саздовскa
„Жена“ е насловот на тематската изложба на дела од Лидија Саздовска, што e отворена (14.9 – 28.9.) во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“. Академскиот сликар и ликовен педагог Лидија Саздовска се претставува со 25 -тина дела кои се приказ на нејзиното богатот творештво, создадено во една поширока временска рамка, односно во текот на четири децении. Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар по уметност.
-Низ годините, како што се развивала, созревала и креирала личноста на уметникот, неуморно следејќи го чекорот на длабоко развиената духовна сетилност и интуитивност, се развивал и уметничкиот сликарски израз. Творештвото на Саздовска е класифицирано во повеќе тематски циклуси. Во секој циклус се воочува постепена промена на ликовната интерпретација на женската фигура и портрет, развиток на структурата на самата композиција, како и функцијата на бојата. Сликарските платна постануваат своевидна интимна приказна, запис, а секој циклус прераснува во мемоар раскажан преку бојата и формата – посочи Викторија Димеска.

Саздовска, член на ДЛУМ и на ДЛУБ, досега реализирала бројни самостојни и групни изложби, била учесник на повеќе ликовни колонии, а за нејзината педагошка работа добитник е на две награди за педагошки остварувања.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања