,, Човек форма,, изложба на Слободан Пандов
,,Човек – форма,, е тематската изложба од Слободан Пандов од Пехчево, отворена во ликовниот салон на Ценатрот. Уметникот се претставува со 13 скулптури изработени од метал.
– Зошто ,,Човек форма? Заради тоа што човекот во движење создава геометриско решение. Користев цилиндрични и конусни форми сакајќи да ја потенцирам човечката фигура во различни движења – вели авторот.
Пандов завршил ФЛУ во Скопје, а бил учесник на повеќе групни изложби, како и на ликовни работилници во земјата и во странство.