Во петок, 17 септември, во ликовната галерија на ЦК,, Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Димитар Христов од Битола.
Христов на првата изложба во Прилеп ќе се претстави со девет слики – масло на платно и два цртежи – молив на хартија, работени во последните три години.







