Search
Close this search box.

Друштвото на ликовни уметници на Прилеп

Во ликовниот салон од ЦК„Марко Цепенков“ (2.11 – 16.11.2018) е отворена изложба на дела од ДЛУП (Друштвото на ликовни уметници на Прилеп).
На изложбата се изложени дела од уметниците Бојана Артиновска Трпческа, Василка Боцеска, Давид Атанасоски, Катерина Деспот, Миле Брцески, Ферди Булут, Драган Верговски – Алпи, Викторија Димеска, Емил Димоски, Павлинче Илијеска, Кристијан Јованоски, Методија Јорданоски, Васил Костов, Христина Мазнеска, Лепа Милошевска, Драган Михајловски, Верче Николоска, Михајло Ристески, Емил Солески, Наде Тоскоска и Александар Џинго.
Изложбата ја отвори Ивана Атанасоска, етнолог и антрополог, која потсети дека 2018 година е плодна за ДЛУП.
-Годишната изложба на членовите на ДЛУП е заокружување на годината во која Друштвото реализираше повеќе самостојни и групни изложби – рече Атанасоска.
На отворањето на присутните им се обрати и почесниот член на ДЛУП Викторија Димеска, историчар по уметност.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања