Search
Close this search box.

Ретроспективна изложба на академик Боро Митриќeски

Ретроспективна изложба на академик Боро Митриќeски
Ретроспективна изложба на скулптури од академик Боро Митриќески е отворена во галеријата од ЦК, ,Марко Цепенков,,.(3.11.27.11.2015). Изложени се десет скулптури во дрво работени во изминатите 20 година.
Боро Митриќески, кој дипломирал на АЛУ во Загреб во 1954 година во класата на Вања Радуш, од 1997 година е редовен член на МАНУ. Остварил студиски патувања во Франција, Англија, Грција, Русија, Египет, Шпанија, Германија, Австрија, САД, Канада, Полска, Шведска… Има изведено преку 10 споменици и поголем број споменични обележја, а реализирал повеќе самостојни изложби во земјата и во странство, како и групни, а добитник е на бројни награди и признанија.

Ана Франговска – Стојановска забележува дека творештвото на маестро Боро Митриќески го карактеризираат неколку клучни аспекти.
– Тоа се најблаго кажано два ракурси, првиот антроморфизмот или хуманизмот во творечкиот сижеен континиум на Мириќ, а вториот е неговата суштинска поврзаност со дрвото и специфичната техника на негова обработка, како нему омилен материјал од чија тпоплина ја извлекува максимата на виталната претстава и на кое одново му вдахнува живот, за никогаш да не изгуби од својот прв природен праоблик. Творештвото на Митриќески е клучно, ефемерно и значајно за македонската ликовна уметност – забележува Ана Франговска- Стојановска.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања