Search
Close this search box.

„ Everglow“ од Анита Сот

„ Everglow од Анита Сот

„ Everglow е тематската изложба од Анита Сот (Јовеска) што е отворена во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ (27.4.2018 – 10.4.2018). Прилепската уметница на првата самостојна изложба се претставу со триесетина дела преку кои ја пренесува нејзината инспирација.

Изложбата ја отвори историчарот по ументост Викотрија Димеска која рече дека творештвото на Анита Сот изобилува со облици и форми ослободени од сопствената контура. Низ уметничките дела се провлекува амбиент, каде што облиците потсетуваат на чудесни флорални и фаунски аморфни организми.

-Самите фантастични единки, полни со живост и динамика, вибрираат со една суптилна хармонија во бојата и композицијата. Нескротливата природа на ентитетите, постојано ја бранува перцепцијата на посетителот, вовлекувајќи го неговото внимание со погледот кон динамиката на дејствијата, односно кон постојаното раздвижување, раздвојување и повторното спојување. Тргнувајќи од сопствената инспирација- природата, со севкупната нејзина естетичност и хармонија, уметникот користи топла палета на бои, искажувајќи ја лирично и раскошно својата суштинска и автентична потреба за создавање. Водена од сопствената длабока интуитивност, Анита во амбиенталноста на боите грижливо, јасно и внимателно врежува детали, симболизирајќи ред и законитост во еден безличен парадоксален свет. Во понатамошниот истражувачки обид да пронајде свој автеничен начин на ликовна интерепретација на сопстевните емоции и мисли, како продукти на сложениот мисловен и сетилен процес, таа ја користи експресијата на женскиот лик, ослободен од линијата на формата, создавајќи дела во негатив, односно контраст, кои потсетуваат на слика на развиена фотографска плоча или филм на која темните и светлите места се распределени спротивно од законитостите на природата.. Во суштина, уметникот ја третира емоцијата, нејзиното настанување при остро изразените и конфликтни спротивности на светлината и сенката како симболи на човековата универзална, а сепак автентична дуална природа – рече Димеска.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања