Search
Close this search box.

Инсталацијата „Празна галерија“ од Методи Исков

Инсталацијата „Празна галерија“ од Методи Исков
„Празна галерија“ е изложбата од прилепскиот уметник Методи Исков отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“.(23.11.-6.12.2018).
Се работи за инсталација во која ќе доминираат антички скулптури затворени во кутија низ која ќе може да се ѕирка.
Преку изложбата сакам да се поттикне критичко-филозофски став со кој сите заедно ќе се доближат до призмата низ која се согледува денешниот поглед кон уметноста – вели авторот Методи Исков.
Изложбата ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска која посочи дека „Празна галерија“ ги поставува прашањата до претставниците и љубителите на уметноста:
-Која е вредноста на ликовното творештво во современата доба?
-Дали на уметноста гледаме како низ мал отвор, парцијално без притоа да се стигне до нејзината суштина?
Уметникот во 2014 год. дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, во класата на Станко Павлески. Покрај индивидуалните уметнички ангажмани, важен дел од неговото работно искуство е изработката на скулптури вклучени во урбанистички план на град Скопје, учество при изработка на палета мозаици, од кои можат да се истакнат мозаиците во Црквата Св. ”Константин и Елена” – Скопје, мозаик поставен во базиликата на Св. ‘’Благовештение” во Назарет – Израел со ликот на Пресвета Богородица, мозаиците во Црквата Св. ”Петка” – Прилеп… Има изработено повеќе мурали низ градот, меѓу кои и во библиотеката „Борка Талески“. Своето искуство го проширува и кон графичкиот дизајн и дизајнот на ентериери.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања