Search
Close this search box.

Интересна инсталација на Перо Кованцалиев

Интересна инсталација на Перо Кованцалиев

„365 килограми живот“ е насловот на уметничката инсталација што е поставена во галеријата „Борко Лазески“. Изложбата, што ја отвори историчарот по уметност Елизабета Дерменкоска – Цефи, е дело на уметникот Перо Кованцалиев од Гевгелија кој живее и работи во Скопје.

Инсталацијата е составена од таканаречени биобалони, орган кој претходно бил дел од жив организам. Тоa е мочниот меур кај животното кој е препариран и исполнет со воздух.

-Со тоа се создава сличноста со балоните во секојдневието кој најчесто се дел од некоја прослава со цел да го разубават и декорираат просторот околу нас. Овие биобалони го одсликуваат последниот здив кај животното. Животно кое е насилно размножувано, измачувано, тероризирано и на крај убиено, за истото да се понуди на пазарот како производ од кој се профитира – вели авторот.

Тој е мултидисциплинарен уметник кој работи низ повеќе визуелни медиуми и пракси. Во неговиот главен интерс е следењето на општествените промени како локалните така и глобалните каде што својата визуелна интерпретација ја преточува во еден вид на коментар кој е во прилог на одржливиот развој на животната средина, каде човекот ја има најважната улога. Во неговите дела материјалот има секундарна важност во однос на идејата. Тоа е лесно видливо во опусот на неговото творештво каде користи различни материјали и пракси за материјализирање на идеата. Низ скулптурата, сликарството, графиката, кинетиката, дигиталните медиуми како видеото и фотографијата, инсталацијата, се уметничките форми на неговото визуелно изразување.

Перо Кованцалиев е уметник кој има завршено средно уметничко училиште во Скопје а, подоцна и дипломира на Факултетот за ликовни уметности исто во Скопје. Моментало е на постдипломски студи, а оваа инсталација е дел од неговото истражување во текот на студиите. Тој низ ова дело воедно ги поставува прашањата за активизмот во уметноста. Дали уметноста се одалечува од својата примарна улога, и кој се границите каде таа е присутна.?!

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања