Search
Close this search box.

Изложба на слики од Мирјана Бубевска

Изложба на слики од Мирјана Бубевска

Фрустрациите како дел од животот” е тематската изложба од Мирјана Бубевска отворена (2.7. до 12.7.2012) во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Младата уметница првпат пред прилепчани се претставува со реалистични слики, кои ги  вметнува во инсталации или објекти.

Мирјана Бубевска, завршила сликарство во класата на професорот Рубенс Корубин, во мај 2012 година. Учествувала на повеќе групни изложби на млади ликовни уметници, како и на повеќе ликовни колонии од кои најзначајна е Првата меѓународна студентска ликовна колонија, со наслов ,,Препознавање,, во Ниш, Србија.

Преку изложбата ,,Фрустрациите како дел од животот,,, го изразува незадоволство од постоечкиот свет и случувањата во него.

-Сакам да ги прикажувам реалните ситуации од нашето општество онака како што се, онака како што јас ги согледувам, па поради тоа мојот стил на сликање е близок до реализам, но со некој мој автентичен ракопис. Ме интересира психологијата како наука и начинот на кој таа се манифестира кај човекот и општеството во целина. Долго време ја разгледував  психолошката појава на фрустрацијата за која забележав дека е се поизразена во денешно време, па затоа подлабоко навлегов во таа тема и решив преку уметноста да ја претставам исфрустрираноста на општеството – вели уметницата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања