Search
Close this search box.

Изложба ,,Уметниците во чест на Св.Никола,,

            Изложба ,,Уметниците во чест на Св.Никола,,

,,Уметниците во чест на Св.Никола,, е тематска изложба што беше отворена (18.12.2012) во ликовниот салон. Изложбата е посветена на патрониот празник на градот, а се изложени 30-тина дела од 18 уметници од цела Македонија – од Прилеп, Битола, Гевгелија, Куманово, Кратово, кои творат на тема Св.Никола.

Со свои дела се претставуваат уметниците: Драги Хаџи Николов, Александар Тасески, Синиша Кашавелски, Борче Тодороски, Стојанче Андонов – Дито,  Александар Тодороски, Мики Трендафиловски, Славица Михаилова, Никола Топчиоски, Златко и Соња Лечковски, Марта Макеска, Наде Тоскоска, Стеван Боцески, Орде Стамболџиоски, Дејан Трајкоски – Гуштеро, Бети Макеска, Александра Јовеска и Бојана А.Трпческа.

Изложбата Центарот за култура, за првпат, ја организира во соработка со Општина Прилеп по повод празникот – заштитник на градот Св.Никола.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања