Search
Close this search box.

Изложба „Дали и ти си мигрант?“ од Дарко Талески

Изложба „Дали и ти си мигрант?“ од Дарко Талески

„ДАЛИ И ТИ СИ МИГРАНТ? “ е тематската изложба од прилепскиот ументик Дарко Талески што е отворена во ликовната галерија.. Изложбата е составена од 5 портрети на локални прилепски уметници (Дарко Талески, Лепа Милошевска, Васил Костов, Ферди Булут и Јасмина Руневска). Портретирањето е колаж од лични фотографии, фотографии од случувањата во дадениот период, лични текстуални изјави, текстуални факти за случувањата во тој период, цртежи.

Изложбата ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска која посочи дека Талески се обидува да ја прераскаже приказната на неколку прилепски уметници, со надеж дека темата ќе ја приближи до сите нас.

– Уметноста на Талески слободно може да се дифинира како ангажирана бидејќи во неговото творештво реагира на карактеристични и несекојдневни ситуации кои ја опишуваат човековата состојба и зборува во име на оној кој е немоќен. Посакувајќи да го искаже сопствениот револт кон непријателската средина и атмосфера која што се создаде околу животите на овие невини луѓе,тој го креира своето дело….посчи Димеска.

Дарко Талески завршил ФЛУ во В. Трново, Бугарија каде што и магистрирал медиум и реклама во 2006 г. Од 2005 година работи како наставник по ликовно образование. Има учествувано на повеќе изложби во Македонија, Бугарија, Англија, Мозамбиг, Германија, БиХ, САД, Канада, Австрија, Тајван, Франција. Има интерес кон стоп моушн анимацијата и истата ја имплементира во работата со своите ученици. Неговиот едноминутен фил „Носталгија за уметност“ е прикажан на Берлинскиот институт за уметност во 2013 г., на Торонто Урбан Филм фестивал 2013 г. и во Музејот на современа уметност во Тајпеј 2015 г. Неодамна ја открива неговата состојба на кожата т.н. skin writing (пишување на кожа) и започнува да го користи сопственото тело како медиум за ликовно изразување цртајќи на сопствената кожа.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања