Изложба: До кога вака шепот без екот? од Дороти Пачкова
Изложба насловена До кога вака шепот без екот? од Дороти Пачкова е отворена во галеријата на ЦК Марко Цепенков. Уметницата изложува повеќе дела работени во техник акарил, како и readymade инсталација изработена годинава.
Ова и е прва изложба во нашиот град, и всушност претставува продолжение на првата нејзина самостојна ижложба, преку која ги претставува критички актуелните општествени збиднувања. Акцентот го става на уметникот и на неговото лично мултиплицирање, преку заземање одговорна улога во општеството и како што самата вели ,,нејзината нова слобода е слободата да се долови општеството,,.
Дороти Пачкова, од Скопје е дипломиран сликар на ФЛУ, магистрант на отсекот родови студии на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје.
Учењствувала на бројни групни изложби, колонии и саеми за уметност и култура. Активно учествува на работилници и конференции за уметност, артивизам,социјален активизам, екологија и хуманизам.
Работи акционо сликарство, концептуални проекти, инсталации, фотографии, перформанси, стимулирајќи ги конзументите на размисли за меѓучовечките односи, за човекот-демијург и за животот воопшто како процес на духовна кристализација, а уметноста како основно сретство за себерафинирање. Врши истражувања на теми што се однесуваат на општеството, културата и родовата еднаквост.
![](https://markocepenkov.org/wp-content/uploads/2024/06/Bura-3-300x200.jpg)