Search
Close this search box.

Изложба „Емотивна геомтерија“ од Никола Смилков

Изложба „Емотивна геомтерија“ од Никола Смилков

„Емотивна геометрија“ е тематската изложба од скулптури од Никола Смилков, отворена во во ликовната галерија.(10.10 – 26.10.2017). Уметникот нуди мали монументи на емотивни реминисценции, чија геометрија е емотивна, длабока и персонализирана.

-Делата од овој реномиран макеоднски уметник не се ладни, стерилни геометриски форми, ами јасно изразени антропоморфни, дури и персонализирани фигурации. Со тоа, тие нималку не се апстрактни во својата содржина, затоа што длабоко проникнуваат во суштината и во себе носат јасна емоција – реминисценција на едно детство. Изразот на Смилков е негово оргинално откритие во истражувањата на скулптурата. Токму ритамот што произлегува од ова двојство и ја дава на скулптурите на Смилков онаа монументалност која е уште една типична карактеристика на неговиот израз – вели филозофот Трајче Стојанов за неговото творештво.

Смилков е професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учесник е на бројни ликовни колонии, а реализирал повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на повеќе награди и изработил монументални творби.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања