Search
Close this search box.

Изложба „Етно“ од Драги Хаџи Николов на Прилепско културно лето

Изложба „Етно“ од Драги Хаџи Николов на Прилепско културно лето

„Етно“ е тематската изложба на слики од Драги Хаџи Николов од Гевгелија што  е отворена во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“ на која уметникот  се претставува со 25 дела преку кои пренесува една убава македонска приказна која плени.

Хаџи Николов по втор пат се претставува пред прилепските љубители на уметноста, а неговите дела се нераскинливо поврзани со етнографското творештво и носат јасни и прецизни безвременски пораки со многу естетика.

Излбата ја отвори м-р Никола Димекси, претседател на Советот на општина Прилеп, кој рече дека се изложени дела, студиозно изработени, јасни и прецизни на кои е проткаена духовноста, фолклорот и религијата.

-Гледаме и се воодушевуваме од умешноста на уметникот да  раскаже за се она што било важно, а е и сега. За иконите, старите ракотворби, везовите, старите ракописи, прекривки…Всушност Хаџи Николов ни го пренесува  нашиот бит низ историјата толку совршено, перфекционистички нудејќи ни една убава македонска приказна, која ќе ни остане длабоко во сеќавање. Драги Хаџи Николов нека има уште многу плодно творештво и во следниот период и да продолжи да не радува  со совршени слики кои се вистинско огледало на нас Македонците рече Димески.

Драги Хаџи Николов има дипломирано на ФЛУ во Скопје и досега има реализирани повеќе изложби во земјата и во странство, а бил учесник и на повеќе ликовни колонии.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања