Search
Close this search box.

Изложба „Мал формат“

Изложба „Мал формат“

Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ е отворена изложба на дела „Мал формат“.(24.7 до 1.8.2018).

На изложбата, што ја отворија Викторија Димеска, историчар по уметност и Христијан Санев, претседател на ДЛУМ, претставени се 45 дела – слики и скулптури, од исто толку уметници – членови на ДЛУМ, меѓу кои и две дела од прилепските автори Кирил Гегоски и Драган Верговски – Алпи.

Според Димеска, која го презентираше историјатот на Друштвото, творештвото на ДЛУМ е со богат опус и нуди широк избор на дела од многубројни уметници.
Санев ја потенцираше соработката со Центарот и посочи дека „малиот формат“ е интересна манифестација за уметниците.

“Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25, сеуште претставува искушение и за најголемите мајстори на четката и бојата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања