Search
Close this search box.

Изложба „музички орнаменти“ од Емил Солески

Изложба „музички орнаменти“ од Емил Солески

„Музички орнаменти„ е тематската изложба од десетина скулптури од прилепскиот уметник Емил Солески, отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“. (13.12.2019…)

Се работи за изложба преку која академскиот скулптор Емил Солески создава апстрактно асоцијативни форми и облици во мермер.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која посочи дека скулптурите на Емил Солески се сведени на елементарни структури со заоблена органска форма, чии асоцијативни содржини произлегуваат од вредноста на вајарскиот материјал, односно од карактеристиките на волуменот и масата.

-Стилизираните облци на компаkтната маса со природна структура асоцираат на форми кои се движат според одреден апстрактен ритам. Како резултат на редуцирањето и стилизирањето на природните форми, скулптурите оддаваат впечаток на надворешна раздвиженост. Овие прочитстени, јасни и едноставни облици асоцираат, односно симболизираат архаични и дамнешни примитивни звуци кои некогаш вдахнувале живот при секое нивно реализирање и отелотворување преку гласот, звукот и танцот – рече Димеска на отворањето на изложбата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања